Тотенхем со сите сили ќе се бори да го задржи Деле Али

Англискиот премиерлигаш Тотенхем сака да ја задржи младата ѕвезда Деле Али во своите редови најмалку уште две сезони. Раководството на клубот е подготвено за ново ревидирање на договорот, за да ги подобри неговите услови, со цел тој да се согласи да остане на „Вај харт лејн“. Реал Мадрид е тимот што е силно заинтересиран за неговите услуги, иако во редот стои и уште неколку европски гиганти како Баерн Минхен, Јувентус, Барселона…

Тотенхем планира да му понуди нов договор, кој ќе има важност до 2023 година, а според кој би заработил 40 милиони фунти. Деле Али дојде на „Вајт харт лејн“ во 2015 година за сума од само 5 милиони фунти, од нисколигашот МК Донс и блесна со целиот свој потенцијал, растејќи во еден од најдобрите млади играчи за врска во светот.

Се вчитува...