Тотенхем во шах – мат позиција: Сакаат нов тренер, но не можат да му дадат отказ на Мурињо

Тотенхем доживеа нов кикс во изминатиот викенд, а овој пат тимот од Лондон беше поразен од градскиот ривал Вест Хем. Тотенхем не игра како што се очекуваше оваа сезона, а португалскиот стручњак Жозе Мурињо е под големи критики. Контроверзниот тренер го става лондонскиот клуб во шах-мат позиција, зошто доколку му биде врачен отказ од Тотенхем, тогаш треба да му биде исплатен милионски џек пот, па едниствена опција за да се избегнат било какви трошоци е самиот Жозе да си поднесе оставка, што е тешко за очекување.

Англиските медиуми пред неколку дена објавија дека Мурињо може да добие отказ доколку формата на Тотенхем не се подобри, но познавајќи ги челниците на овој клуб, тоа тешко дека ќе се случи. Тотенхем е познат по тоа што не сака да троши пари доколку нема потреба, а доколку Мурињо биде отпуштен, јасно е дека ќе треба да му платат голема отштета.

„Телеграф“ денес објави дека Тотенхем сака да го донесе Џулијан Нагелсман за нов тренер, но тоа ќе се случи само доколку Мурињо поднесе оставка до крајот на оваа сезона. Нагелсман е тренер на Лајпциг со кој прави неверојатни успеси, па е голема желба на Тотенхем. Но, челниците на клубот не сакаат да го отпуштат Мурињо и се надеваат дека Португалецот под притисок на фановите и јавноста сам ќе си замине од Лондон.

Се вчитува...