Тоти и Де Роси го убедуваат Конте да ја преземе Рома

Поранешниот италијански селектор Антонио Конте е на чекор до Рома. Преговорите ги водат директорот Франческо Тоти и Даниеле Де Роси, кои во минатото минаа прекрасни мигови со Конте во националниот тим. И двајцата го убедуваат успешниот тренер да го преземе тимот, откако се појасно е дека Еузебио Ди Франческо ќе мора да си замине од клупата на „волчицата“.

Рома имаше два гола предност против Калјари изминатиов викенд, во завршницата и двајца играчи повеќе на теренот, но дозволи да прими гол за израмнување (2-2) пред последниот судиски свиреж. Навивачите се гневни, раководството е незадоволно, а сопственикот Џим Палота дури размислува и за продажба на клубот.

Конте го одби Реал Мадрид, затоа штп не сакаше да се нафати да работи со селекција на фудбалери што ја составил некој друг, а идентична би била ситуацијата и во Рома. Но, Тоти го убедува дека ќе добие доволно време за да ги промени работите, а Де Роси дополнува дека целиот тим го посакува за нов шеф на стручниот штаб.

Покрај Антонио Конте, во опција за тренерското место во Рома се и Пауло Соуса и Винченцо Монтела.

Се вчитува...