Легендата на Рома, Франческо Тоти верува дека оваа сезона титулата во Серија „А“ ќе ја освои тимот на Јувентус. Светскиот шампион од 2006 година го искажа своето очекување пред средбата на Рома против Милан во петок. Тимот на Жозе Мурињо има само еден бод од првите две кола.
Тоти смета дека тоа што тимот од Торино не игра во Европа, ќе биде предност во битката за Скудетото.
„Ова е само почеток на сезоната, некои водечки тимови имаа разочарувачки резултати. Сакам да ја видам Рома повисоко на табелата, но не може да се случи. Главна цел треба да биде пласманот во Лигата на шампионите. Скудето? Треба да бидеме реални. За мене најголем фаворит е Јувентус. тие не играат во Европа и може да се фокусираат само кон домашното првенсство“, рече Тоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА