Тоти никогаш не бил погорд: Синот Лукас доби прва „златна копачка“!

Франческо Тоти е легенда фудбалска за која е непотребно да се трошат зборови, ако се знае дека има зад себе речиси 800 официјални настапи во дресот на Рома.

За дополнителна почит секако е фактот дека кариерата на Тоти е врзана само за еден клуб… Но, дефинитивно Франческо Тоти дури сега има моменти со кои може да биде и тоа како горд. И, тоа не е врзано со него, но со неговиот 11-годишен син Лукас.

Синот на Тоти, Лукас е избран за играч на турнирот за пионери во Рим. Иако, пионерите на Рома загубија во четвртфиналето, а во финалето Милан го победи Интер, сепак за најдобар играч на турнирот беше прогласен Лукас Тоти.

Доби и „златна копачка“ за постигнатите осум гола, навистина носејќи гордост за своите родители. Продолжи ли така, Рома во иднина сигурно ќе има уште еден долгогодишен капитен.

Се вчитува...