Тотре и официјално промовиран во дресот на Тирана (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Енур Тотре и официјално промовиран во дресот на албанскиот прволигаш Тирана.

25-годишниот Тотре, кој изминативе шест месеци беше надвор од фудбалот, се приклучува на поранешните „вардарци“ Кристијан Тошевски и Филип Најдовски кои се дел од Тирана.

Албанскиот прволигаш го промовираше Тотре како големо засилување за средниот ред на тимот, во сезоната во која ќе се атакува на шампионската титула. Тотре претходно седум години беше дел од Шкендија, а има и три официјални настапи за македонската репрезентација.

Се вчитува...