Трабзон ја мами незадоволната ѕвезда на Тотенхем

Преодниот рок во Турција ќе трае до крајот на викендот, а тоа сака да го искористи Трабзонспор, тимот кој направи бум со потписот со Мохамед Салах, и сега сака да донесе уште една ѕвезда од Премиер лигата.

Турските медиуми пишуваат дека пред потпис со Трабзонспор се наоѓа напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон.

Тој веќе ги договорил личните услови со турскиот тим, треба да има трипати поголема плата од таа што ја добиваше од Тотенхем, но за тоа да се случи треба да се заврши потешкиот дел од работата, да се договорат двата тима.

Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, ги одби првите две понуди на турскиот тим, првата изнесуваше 15 милиони, а втората 20 милиони, и бара повеќе.

Медиумите пишуваат дека најверојатно ќе дојде до договор и Ришарлисон кој јавно побара да биде продаден од Тотенхем, ќе стане соиграч на Мохамед Салах.

Се вчитува...