Трабзонспор го демолираше Истанбулспор на Валон Етеми…, 15 минути за Енис Барди

Трабзонспор го демолираше Истанбулспор победувајќи со 4-0 во 19. коло од Суперлигата на Турција.

Без никакви проблеми Трабзонспор триумфираше во натпревар во кој македонскиот репрезентативец Енис Барди во игра влезе во 75. минута од средбата, во моментите откако домашните веќе ги имаа постигнато сите четири погодоци на мечот.

Во дресот на Истанбулспор, пак, од првата минута настапи Валон Етеми, но беше заменет во 81. минута од средбата.

Трабзонспор со оваа победа се проби на делба на четвртата позиција на табелата со 35 бода, десет помалку од лидерот Галатасарај.

Се вчитува...