Трабзонспор ја зголеми понудата за Алиоски: Годишна плата од 1,2 милиони евра плус бонуси!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е едно од најпосакуваните заслувања на трансфер пазарот во Турција. За услугите на 29-годишникот се борат Фенербахче, Галатасарај и Трабзонспор, а овој последниот ќе го примамува Македонец со милионски договор, пренесуваат турските медиуми.

Имено, клубот од Трабзон во обид да го доведе бекот во своите редови ја зголемил понудата за македонскиот репрезентативец на 1,2 милиони евра годишна плата, плус бонус од 500 илјади евра при потпис со клубот.

Зад Алиоски е одлична сезона во Премиерлигата каде го „зацементира“ своето место помеѓу почетните единаесетмина под водство на Марсело Бјелса, а беше и еден од најдобрите играчи во нашата репрезентација на Европското првенство.

Се вчитува...