Трабзонспор со понуда „земи или остави“ за Џани Алиоски

Езгијан Алиоски се уште се нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата, но раководството на Трабзон јасно му ставило до знаење дека нема намера да учествува во наддавање за потписот на македонскиот репрезентативец.

Трабзон пред неколку дена ја зголеми понудата до Алиоски, кој во овој клуб би заработувал по 2,1 милион евра по сезона (плата плус бонуси), но и јасна порака дека мораа да се добие одговор што поскоро.

„Ставот на Трабзон е јасен, понудата до Алиоски е „земи или остави“. Ако Македонецот наскоро не одговори потврдно, нема да следи нова понуда, туку вниманието ќе биде насочено кон останатите леви бекови кои се наоѓаат на листата со желби на клубот“, објавија турските медиуми повикувајќи се на извори од управата на Трабзон.

Алиоски е слободен играч по истекот на договорот со Лидс Јунајтед. За неговите услуги покрај Трабзон се интересираат уште два турски гиганти, Фенербахче и Галатаасарај.

Се вчитува...