Серхио Рамос и дефинитивно ќе може да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, но скоро е сигурно дека тоа нема да биде во Мадрид. Договорот на Рамос истекува на лето и тој наводно не се уште нема договор со Реал за продолжување на соработката. Во Мадрид челниците веруваат дека е време за промени и помлади играчи, па шпанскиот репрезентативец ќе го напушти клубот по 16 години.
Неговиот брат Рене Рамос во моментов преговара со голем број клубови и првата опција е да влезе во атрактивната Премиер лига, а Манчестер Јунајтед е најпосакуваната дестинација.
Рамос доби богати понуди од Азија, кои веднаш ги одби затоа што не сакаше да ја напушти Европа, како и неговото семејство, а наводно парите на ПСЖ не му се примамливи бидејќи сака повторно да биде дел од клуб со голема традиција.
Медиумите во Англија веќе најавуваат преддоговор што би бил потпишан, а од летото Рамос би пристигнал Англија. Рамос би имал плата од над 200.000 евра неделно во Јунајтед, а освен гигантот од „Олд Трафорд“ интерес покажале и Манчестер Сити и Ливерпул, но според извори блиски до играчот, „црвените ѓаволи“ се во подобра позиција од останатите конкуренти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА