Трагедија го потресе светот на фудбалот откако Колумбиец Андрес Баланта го загуби животот на тренинг на неговиот клуб, аргентинскиот Атлетико Тукуман. 23-годишниот ненадејно паднал на земјата и не се пробудил и покрај укажаната медицинска помош.
Трагедијата ја потврди Фудбалската федерација на Колубија, како и докторот на неговиот матичен клуб Депортиво Кали, Густаво Портела.
„По ручекот тој бил на тренинг каде ненадејно се онесвестил. Пробале да го вратат во живот, бил префрлен и во болница каде е утврдено аритмија и застој на срцето“, вели Портела.
La Federación Colombiana de Fútbol lamenta el fallecimiento de Andrés Balanta, jugador de la @FCFSeleccionCol en sus diferentes categorías. Enviamos nuestras condolencias a sus familiares, amigos y allegados. Q.E.P.D. pic.twitter.com/mqBTgfkAf2
— Selección Colombia (@FCFSeleccionCol) November 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА