Трагедија: Млад фудбалер жртва на крокодил после тренинг!

Голема трагедија се случила во Мозамбик, откако млад фудбалер на клубот Атлетико Минеиро де Тете го загубил својот живот како жртва на крокодил, и тоа веднаш по завршувањето на тренингот. Младиот 19 – годишен Естеван Алберто Џино по тренингот отишол до реката Замбези да се освежи и таму се случила големата трагедија. Бил нападнат и буквално растргнат од голем крокодил.

„Естеван со уште двајца соседи отиде до реката, а тогаш со неверојатна брзина од реката излета крокодил, го фати за половината и го повлече во водата. Крокодилот беше долг најмалку пет метри и никој не можеше да му помогне“, изјави тренерот Едуардо Карвалјо за „АФП“.

Реката Замбези во тој предел на Мозамбик е единствен извор на чиста вода за пиење.

Се вчитува...