Трагедија на Рели Дакар – почина португалски мотоциклист

Тажна вест доаѓа од релито Дакар, откако за време на денешниот специјал од трката животот го загуби португалскиот мотоциклист Пауло Гонсалвеш.

„Пауло Гонсалвеш, кој се тркаше со мотор под реден број осум, почина по пад заработен на денешниот специјал долг 276 километри. Организаторите добија „аларм“ во 10.08 и веднаш беше испратен медицински хеликоптер во 10:08 часот. Осум минути подоцна лекарите стигнаа на местото на настанот и го најдоа Гонсалвеш. Тој беше итно пренесен во болницата „Лајла“, но за жал таму само беше констатирана неговата смрт“, објавија организаторите на Рели Дакар.

Ова беше 13. настап на Дакар за 40-годишниот Гонсалвеш. Тој дебитираше во оваа трка во 2006 година и четири пати завршуваше во Топ 10, а најдобар пласман му беше втората позиција во 2015, веднаш зад победникот Марк Кома.

Се вчитува...