Вчера во Скопје, во несреќен случај, загина еден од најдобрите македонски кикбоксери Милан Кубин.
Долгогодишниот македонски репрезентативец во кикбокс и член на КК Гладијатор од Скопје, во својата кариера е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓу кои и сребрениот медал од Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години.
Пред пет години се вклучи, максимално успешно, со серија победи и во ММА спортот.
Беше прогласен и за Спортист на Град Скопје во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА