Трагедија: Почина Зоран Сретеновиќ

Зоран Сретеновиќ, прославениот југословенски кошаркар почина денеска на 57-годишна возраст во Србија од срцев удар, објавуваат српските медиуми. Сретеновиќ ќе остане започнет како еден од најдобрите плејмејкери кој во својата богата кариера ги носеше дресовите на Црвена Звезда, Југопластика, Бамберг, Антибес, Партизан, Рума, Раднички Белград и Стал Остров.

По играчката кариера заплива и во тренерските води како предводник на Будуќност, Хемофарм, Инџија, Игокеа, Војводина, Железничар, Староград, Кожалин и Стал кој воедно беше и неговиот последен клуб.

На репрезентативен план тој ја претставуваше СФР и СР Југославија, со кои освои титули на европските првенства во 1991 и 1995 година.

Се вчитува...