Трагедија среде натпревар во Србија: Тренер добил срцев удар откако судија му покажал црвен картон (ФОТО)

Трагедија се случила меѓу српските нисколигаши Солунац и Сутјеска кога тренерот на гостите добил инфаркт среде натпревар, па морала да реагира и Брза помош, која го префрлила во болница.

Тренерот на гостите реагирал жестоко поради судиска одлука, а арбитарот решил да му покаже црвен картон, по што тој паднал на тревникот откако доживеал срцев удар и морале да интервенираат доктори.

Клубот соопшти дека победата на тимот е посветена на нивниот тренер на кој му посакаа брза рехабилитација и враќање на кормилото.

 

Се вчитува...