Шок владее во македонската фудбалска јавност по страшната вест што пристигна од Тетово, откако Тетекс објави дека 21-годишниот фудбалер на оваа екипа, Данил Николовски, го загубил животот во сообраќајна несреќа во текот на ноќта.
Даниел Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс и продолжи да настапува во сениорскиот тим на тетовскиот клуб.
„Во раните утрински часови, во сообраќајна несреќа, животот го загуби нашиот Даниел Николковски.
Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел.
Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим.
Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб.
На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство.
Почивај во мир, Даниел.
Летај високо, ангелу“, се вели во соопштението на Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
