Турскиот селектор Винченцо Монтела се соочува со голема семејна загуба, откако неговата сестра Катерина почина по трагичен инцидент во семејниот дом, соопшти Турската фудбалска федерација.
Во официјалното соопштение се наведува дека Катерина Монтела им подлегнала на повредите во болницата, каде што била хоспитализирана по сериозниот инцидент.
„Со голема жал ја примивме веста за смртта на Катерина Монтела, сестра на нашиот селектор Винченцо Монтела. Таа почина во болницата каде што беше лекувана по трагичниот настан во нејзиниот дом. Погребната церемонија ќе се одржи денес во 16:30 часот во црквата Сан Никола во Кастело ди Цистерна, во близина на Неапол. Во име на Турската фудбалска федерација, упатуваме искрено сочувство до семејството Монтела, а особено до нашиот селектор Винченцо Монтела“, стои во соопштението.
Поранешниот италијански репрезентативец и напаѓач, кој денес има 52 години, ја презеде селекторската функција на Турција во септември 2023 година. Под негово водство, турската репрезентација обезбеди настап на Европското првенство 2024, а неодамна настапи и на Светското првенство, каде што го заврши учеството во групната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
