Трагедија во Шри Ланка: Автомобил влета во публиката – седум мртви, повеќе од 20 повредени (ВИДЕО)

Најмалку седум лица го загубија својот живот, а 21 се повредени откако автомобил со голема брзина влета во публиката на незаштитениот дел од земјена стаза „Фокс Хил“ на автомото трка во организација на војската во Шри Ланка блиску до главниот град Коломба.

Овој автомото собир се одржува прв пат по пет години па за истиот „вратите“ беа отворени што наиде на голем интерес на јавноста. Тамошните медиуми пренесуваат дека на стазата биле пристуни околку 100 илјади луѓе, но за жал спектаклот заврши со трагедија.

На социјалните мрежи се појави видео кое покажува како редарите со жолти знамиња ги предупредуваат возачите да успорат бидејќи има превртен автомобил на стазата. Тогаш се појавуваат неколку автомобили кои поминуваат со голема брзина низ облакот од прашина се додека црвен автомобил не влета во публиката.

Се вчитува...