Трагедија – Во сообраќајна несреќа загина 18-годишен кошаркар на Кожув

Тажна вест доаѓа од Гевгелија откако денеска во сообраќајна несреќа загина 18-годишниот кошаркар на Кожув, Иван Пенов. Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Стар Дојран – Нов Дојран каде патничко возило Опел мерива со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот И.М. од Гевгелија, излетало од коловозот. Во незгодата загинал Пенов, а со тешки повреди доживеале сопатниците И.М. и В.С.

Пенов сезонава беше регистриран во првиот тим на Кожув, а настапуваше и за јуниорскиот тим на тимот од Гевгелија.

Кога ја слушнавме несреќната вест која го потресе градот останавме во неверување. Еден од нашите млади надежи не…

Posted by Фантоми Север on Saturday, February 20, 2021

Се вчитува...