Трагедија за Шкендија: И Емини промаши пенал!

Шкендија можеше да го има посакуваниот резултат по 50 минути игра против Розенборг во плејоф колото од Лигата на Европа, само доколку ги реализираше пеналите. По првиот промашен пенал на Бесарт Ибраими, беше досуден и втор во 48.минута, а овојпат не го реализираше Изаир Емини.

Тој шутираше во десниот долен агол на голманот Хансен, но чуварот на мрежата на Розенборг со одлична интервенција повторно ја спаси мрежата.

Се вчитува...