ТРАГЕДИЈА: Загина фудбалер на турнир во Белград на кој учествуваше и македонска селекција

Турнирот за ветерани „Белград Опен 2026“ заврши трагично предвреме откако голема трагедија за време на неговото одржување.

Како што пренесува српски „Блиц“, по еден од натпреварите на турнирот починал фудбалер учесник на турнирот, поради што натпреварите на истиот се прекинати во четвртфиналето.

На турнирот учествувале селекции на ветерани од дури осум земји, меѓу кои и Македонија. Покрај од Македонија имало тимови и од Србија, Англија, Португалија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина и Бугарија.

Организатори на турнирот биле од фудбалскиот клуб Таурунум Ветерани, а под официјално покровителство на Фудбалскиот сојуз на град Белград.

Се вчитува...