Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала трагично го загуби животот во авионската несреќа при летот за Кардиф, каде требаше да биде промовиран за ново засилување на англискиот премиерлигаш. Неговото тело е идентификувано откако беше извлечено од остатоците на паднатиот авион на дното од морето, во текот на денешниот ден. Британските медиуми предмалку потврдија дека се познати деталите од аутопсијата и за тоа веќе е известено семејството на Сала.
Повеќе од една седмица траеше потрагата по исчезнатиот авион. Кобниот лет го стресе фудбалскиот свет, долго време немаше никаква трага од малиот приватен авион со кој Емилијано Сала и пилотот Иботсон требаше да пристигнат во Кардиф. За жал, тоа никогаш не се случи.
Британските власти по неколкудневна потрага го прогласија авионот за исчезнат, но светските фудбалски ѕвезди донираа средства за да продолжи потрагата со приватни истражители.
Емилијано Сала беше фудбалер на Нант кој во зимскиот преоден рок направи трансфер во Кардиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА