Трагични вести од Фиренца: Почина младиот мотоциклист по стравичниот пад (ВИДЕО)

Непосакувани вести од Фиренца. 19-годишниот Џејсом Дупасквје почина по стравичниот пад во текот на вчерашните квалификации од Мото 3 серијата.

Швајцарскиот возач од патеката во болница беше префрлен со хеликоптер, во текот на ноќта беше опериран, но не ги преживеа компликованите повреди на главата.

Инцидентот се случи во самиот финиш од квалификациите кога Дупасквје загуби контрола над моторот, падна а зад него Сасаки обидувајќи да го избегне исто така загуби контрола над моторот.

Родителите на Дупасквер, Филипа и Андреас синоќа допатуваа во клиниката од Фрибург, како и претставници на неговата екипа Прустел кои се откажаа од трките овој викенд.

Се вчитува...