Трајчевски: Се радуваме што почнува првенството, сакаме победа против Ренова

Утре почнува пролетниот дел од првенството во Првата фудбалска лига на Македонија, а Работнички во рамките на 19.коло ја пречекува Ренова на домашен терен. По долгите зимски подготовки, конечно на ред доаѓаат и натпреварите.

Капитенот Душко Трајчевски најавува дека тимот на Горан Станковски е подготвен за пролетниот старт. Желбата секако се трите бода на домашен терен против квалитетниот состав на Ренова, кој заслужува респект.

„Се радуваме на стартот на пролетта. Ни здодеаја тренинзите, сите со нетрпение го чекавме првиот натпревар и почетокот на пролетниот дел од сезоната во Првата лига. Играме на домашен терен, мотивирани сме максимално и одиме на победа. Ренова е квалитетен тим, заслужува респект, но ние треба да победуваме на домашен терен оваа пролет доколку сакаме да ја оствариме целта, а таа е излез на европска сцена“, вели Душко Трајчевски.

Се вчитува...