Трајковски, Барди и селекторот Милевски ќе добијат дипломатски пасоши

Македонскиот селектор Благоја Милевски, како и репрезентативците Александар Трајковски и Енис Барди, по големиот триумф над Италија и пласманот во финалето од баражот за СП 2022, ќе добијат дипломатски пасоши, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Тие се нашите најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија“ – истакна денеска министерот Османи.

Македонската репрезентација утре заминува за Порто, каде во вторник од 20:45 часот на „Драгао“ ја очекува пресметката со Португалија за место на Мундијалот во Катар.

Се вчитува...