Трајковски: Играме за нас, за нашите семејства, за цела Македонија

Александар Трајковски ќе биде еден од главните адути и на вечерашниот дуел со Португалија, во обид да биде приредена нова сензација и Македонија да се пласира на СП 2022 во Катар.

Херојот од дуелот во Палермо е максимално мотивиран и во пресрет на овој натпревар, свесен за неговото историски значење за мак-фудбалот.

„Денеска играме за нас, за нашите семејства, за цела Македонија, за да испишеме историја“, порача Трајковски преку својот твитер-профил.

Се вчитува...