Еден од најискусните во македонската селекција Александар Трајковски, во очекување на трите септемвриски квалификациски дуели, верува дека преку новиот собир секој во националниот тим сега и под водство на новиот стручен штаб е максимално мотивиран да се продолжат успешните настап на Македонија на интернационално ниво.
„Среќен сум што повторно сум дел од оваа репрезентација, на првиот собир по ЕП, среќен сум што повторно ги гледам овие момци. Очекувам да продолжиме во ист континуитет, со максимална мотивација, да продолжие со позитивните резултати. Имаме нов стручен штаб кој искрено гледам е максимално мотивиран за нови успеси на репрезентацијата, и ние сега добиваме дополнителен мотив да се вклопиме во новиот ритам, новите идеи. Лично се чувствувам одлично во репрезентација и подготвен сум уште долги години да бидат тука се додека сум потребен, а на новите дечки им посакувам добредојде и да го даваат максимумот секогаш во националниот дрес“ – истакна Трајковски пред денешниот тренинг, притоа дополнувајќи:
„Против Ерменија игравме неколку пати изминатиов период и добро се познаваме. Најважно е ние да бидеме максимално фокусирани и да одиграме. Верувам дека со новиот селектор ќе имаме нови идеи, а на нас останува максимално да го исполниме тоа што се бара. Имаме краток период за подготовки, па мора добро концентрирани да бидеме на секој дуел во овој циклус“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА