Трајковски му се приклучува на Пандев во Џенова!?

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски би можел да биде летно засилување за Џенова, пренесуваат локалните медиуми од Џенова.

Раководството на Џенова веќе сериозно размислува да доведе уште еден Македонец во своите редови, покрај Горан Пандев кој веќе е икона на клубот од Италија.

За трансферот на Трајковски проблем не се очекува да прави ниту Мајорка која од поодамна сака да го ослободи буџетот кој го троши македонскиот репрезентативец. За плата на Трајковски, како што претходно објавија шпанските медиуми, Мајорка троши годишно 600.000 евра.

А, Александар Трајковски не би имал никакви проблеми со адаптацијата во италијанскиот фудбал ако се знае дека претходно беше член на Палермо.

Се вчитува...