Трајковски не можеше да ги сокрие емоциите: Чувствував посебен мотив и желба за победа!

Херој во победата на Охрид на дерби пресметката од 15. коло во Суперлигата на Македонија беше никој друг но репрезентативниот голман Благојче Трајковски.

Чуварот на мрежата на охриѓани со 17 интервенции го поведе својот тим до посакуваниот триумф со кој Охрид се израмни со Пелистер на врвот од табелата. По мечот Трајковски не можеше да ги сокрие и емоциите… По сите радости на личен план изминатава недела, откако пред само седум дена со својата сопруга Викторија го добија синот Стефан, сега имаше повеќе од успешно враќање и на голот на Охрид…

Trajkovski emotiven

Ова беше посебен натпревар за мене, крајно емотивен. Поради приватни обврски не тренирав со екипата изминатата недела, се вратив вчера во тимот на ден пред дуелот и денеска ете стигнавме до така значајна победа“истакна чуварот на мрежата на Охрид по триумфот над Пелистер веднаш дополнувајќи:

„Како да имаше некоја посебна сила што ми даваше мотив низ текот на целиот натпревар. Верувавме во себе дека можеме до победа и успеавме во тоа. Но секако не сум само јас заслужен за триумфот. Во првиот дел одбраната функционираше одлично, а во второто полувреме и јас се надополнив со интервенциите на голот. Мило ми е што ја израдувавме охридската публика“.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...