Трајковски: Не знам многу за Словачка, но знам дека мораме да победиме

Бојан Трајковски по неколку години пауза повторно ќе го облече репрезентативниот дрес, откако членот на МЗТ Скопје се појави на вечерашниот тренинг во СЦ „Јане Сандански“. Тој и претходно беше повикуван од страна на селекторот Давитков, поради повреда не настапи во ноември, но сега ќе му биде на располагање на стручниот штаб за последните две средби од овој циклус.

„Продолжуваме со овие претквалификации со една желба, да се пласираме во следната рунда. Целта е јасна, веќе на следниот натпревар во Скопје против Словачка да стигнеме до победа што ќе ни го осигура првото место. Како што знаете јас не настапив на првиот меч во Словачка така што не знам многу за овој ривал, сигурно ќе имам повеќе информации во следните денови, но знам дека мораме да победиме. Имаме квалитет за такво нешто и тоа ќе треба да го потврдиме и на теренот“ – изјави Трајковски.

Се вчитува...