Трајковски остана без „деветката“, избра нов број на дресот во Хајдук

Александар Трајковски мораше да ја препушти „деветката“ во Хајдук откако сплитскиот клуб денеска комплетираше уште еден одличен трансфер, враќајќи го во своите редови Никола Калиниќ.

Искусниот 35-годишен напаѓач минатата сезона потпиша за Хајдук, одлично почна со настапи за сплитските „били“, но најпрвин имаше проблеми со повреди, а потоа влезе и во конфликт со тренерот Леко, поради што воопшто не тренираше со тимот во првиот дел од оваа сезона. Откако Леко доби отказ се интензивираа најавите дека Хајдук ќе го врати проверениот голгетер на „Пољуд“, за денеска и официјално да следи потпис, по што Калиниќ ги почна подготовките за вториот дел од сезоната со остатокот од тимот.

Како што информираа од Хајдук, Калиниќ ќе го носи дресот со број девет што досега му припаѓаше на Трајковски, додека Македонецот во вториот дел од сезоната ќе настапува со бројот 27 на својот грб.

Се вчитува...