Трајковски се повреди по само три минути откако влезе во игра

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски одигра само 180 секунди за Мајорка на дуелот против Спортинг Хихон во шпанската Сегунда-лига.

Трајковски влезе во игра во 90. минута на дуелот против Хихон, ама уште незаигран веднаш ја напушти играта поради заработена повреда.

Според информациите од клубот, утре треба да следат детални лекарски прегледи за Трајковски по што ќе се знае тежината на повредата и евентулното отсуство. Македонскиот репрезентативец и онака нема сериозна минутажа во Мајорка, клуб кој најверојатно ќе го напушти во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...