Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ја продолжува кариерата во данскиот прволигаш Алборг.
Во изјава за данските медиуми спортскиот директор на Алборг, Инге Андре Олсен потврди дека има разговори за ангажман на Трајковски до крајот на преодниот рок. До 1. септември се очекува да бидат заокружени деталите и македонскиот фудбалер официјално да биде промовиран во редовите на Алборг.
Трајковски не е во плановите на стручниот штаб на Мајорка за престојнава сезона, поради што следи реализацијата на трансферот.
Претходно во својата кариера Трајковски беше дел од Цементарница 55, хрватски Интер Запрешиќ, белгиските Цулте Варегем и Мехелен, како и италијанскиот Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА