Трајковски: Сигурно ќе бидеме подобри во следните квалификации

ЕКИПА во Фрибург, Швајцарија

Стеван Цаневски

Бојан Трајковски потенцираше дека планот е остварен со освојувањето на првото место во групата, без оглед на денешниот пораз на гостувањето потив Швајцарија. Воедно, македонскиот репрезентативец јасно стави до знаење дека тој и неговите соиграчи ќе се прикажат во далеку подобро светло во следните квалификации, засилени со оние играчи кои поради повреди не можеа да настапат денеска.

„Честитки до Швајцарците за оваа победа. Поразот во секој случај е негативен, но кога ќе го земеме во предвид целиот циклус имаме добар резултат, први сме во групата и одиме понатаму. Сигурно дека ќе бидеме подобри, имаме неколку месеци за да се подготвиме, да бидеме комплетни и повредените да се вратат, и од самиот почеток да изгледаме одлично, како што треба да изгледа репрезентацијата на Македонија“ – изјави Бојан Трајковски.

Се вчитува...