Трамп: „Ако треба јас лично ќе преместувам и ќе одложувам мечеви на СП 2026!“

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со американските медуми информираше дека гарантира комплетна безбедност на натпреварите за Светското првенство кое следната година ќе се играат во САД, Канада и Мексимо.

Трамп истакна дека е подготвен, ако е потребно, тој лично да ги преместува мундијалските натпревари од градовите што ги смета за небезбедни. А, ако треба и ќе се одложуваат мечеви.

„Ако утврдам дека не е безбедно да се играат натпревари во одредени градови, ќе ги преместиме во други градови. Но, Светското првенство 2026 ќе биде максимално безбедно“ – вели Трамп.

Меѓу градовите кои се упоришта на Демократите во САД а во кои ќе се игра СП 2026 се Лос Анѓелес (осум натпревари), Сан Франциско (шест натпревари) и Сиетл (шест натпревари).

Се вчитува...