Трамп ќе биде првиот претседател кој во живо ќе следи меч од финалето во НБА

Американскиот претседател Доналд Трамп треба да присуствува на третиот натпревар од финалето на НБА помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс, кој е закажан за понеделник во Медисон Сквер Гарден. Тој беше поканет од сопственикот на Никс, Џејмс Долан.

„Долан ме покани и ќе одам. Ќе бидам таму. Можеби ќе биде во понеделник (третиот натпревар), а можеби ќе бидам и на двата натпревари (четвртиот е исто така во Њујорк во среда)“, рече американскиот претседател.

Трамп, кој присуствуваше на големи спортски настани во својот втор мандат, ќе стане првиот актуелен претседател на САД кој ќе гледа натпревар од финалето на НБА во живо. За време на неговиот претседателски мандат во 2015 година, Барак Обама беше присутен на еден натпревар од лигашкиот дел од  НБА лигата.

Минатиот јули, Трамп присуствуваше на финалето на Светското клупско првенство помеѓу Челси и ПСЖ на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, а во февруари оваа година го гледаше натпреварот од Супербоул во Санта Клара каде што Сиетл Сихокс ги победија Њу Ингланд Патриотс.

Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека присуството на Трамп на финалниот натпревар во Њујорк ќе бара посебни безбедносни мерки во „Медисон Сквер Гарден“.

Во финалната серија, која се игра на четири победи, „Никси“ водат со 1-0 откако ги победија „Спарс“ со 105-95 во првиот натпревар на гости. Вториот натпревар е во петок во Сан Антонио, а третиот и четвртиот во Њујорк.

Се вчитува...