Трамп со поддршка за Инфантино: Промената на овој прекрасен човек ќе биде голема грешка

Американскиот претседател Доналд Трамп  изјави дека ФИФА би направила „огромна грешка“ доколку го смени својот лидер Џани Инфантино, кој се најде на удар на критики откако беше отфрлен планот за отворање на светската фудбалска федерација кон приватни инвеститори.

„ФИФА би направила огромна грешка доколку, од која било причина, макар и на миг размисли за смена на својот претседател Џани Инфантино“, напиша американскиот претседател на својата платформа „Truth Social“, опишувајќи го швајцарско-италијанскиот функционер како „одличен“.

Џани Инфантино, кој се кандидира за нов мандат на чело на ФИФА, се најде во криза откако го обелодени својот контроверзен   и на крајот отфрлен  план за отворање на ФИФА кон приватни инвеститори.

Решени да го спречат неговиот реизбор, европската (УЕФА), северноамериканската (КОНКАКАФ) и азиската (АФЦ) конфедерација во понеделникот објавија заедничко отворено писмо во кое се обидуваат да ги убедат сите членки на ФИФА  длабоко поделени поради кризата  да не го поддржат во неговата нова кандидатура.

Се вчитува...