Трансфер-бомба во најава: Хари Кејн на „Камп Ноу“ на местото на Левандовски

Барселона ќе ги нападне сите можни трофеи до крајот на сезонава, но директорот Деко и претседателот Лапорта во меѓувреме работат на нови засилувања што следното лето би се преселиле на „Камп ноу“. Последните информации од Шпанија говорат дека каталонскиот гигант кова пеколен план – за предводник на нападот од следната сезона да го доведе Хари Кејн.

Одличниот голгетер има нова сезона за паметење во Баерн Минхен, делува среќно во овој клуб, но мора да се истакне дека Кејн има клаузула што му овозможува следното лето да си замине од баварскиот гиганнт за сума од 65 милиони евра. Токму таа клаузула го зголемува оптимизмот кај Деко и кај Лапорта, кои се оптимисти дека ќе успеат да го убедат Кејн да го замени тмурниот Минхен со медитеранската Барселона.

Планот е јасен, каталонците немаат намера да му понудат нов договор на Левандовски, Полјакот летово ќе го напушти клубот, а во буџетот за плати ќе се отвори доволно простор за ангажман на нов врвен голгетер. Кејн игра во животна форма, беспрекорно го предводи нападот на Баерн, па во Барса во него гледаат идеална „деветка“ за следните две-три сезони.

Желбата без сомнеж е извонредна, но останува да се види дали Лапорта и Деко ќе успеат да ја претворат во реалност…

Се вчитува...