Новиот тренер на Црвена Звезда, Ибон Наваро, добил гаранции од управата дека ќе му бидат донесени неколку врвни засилувања, а на чело на листата на желби на шпанскиот стратег се наоѓа суперѕвездата на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин.
Извонредниот поентер имаше сериозни проблеми со повредите ланската сезона што го ограничи неговиот ефект. Иако е најплатен во тимот, тој веќе ја нема улогата на лидер, па челниците на Ефес се подготвени да се разделат доколку добијат интересна понуда.
Новиот спортски директор Милош Теодосиќ веќе стапил во контакт со Американецот со турски пасош, претставувајќи му ја визијата околу улогата на лидер што Ларкин би ја имал кај белградските „црвено-бели“. Засега преговорите се во почетна фаза, но добро упатени извори тврдат дека наскоро би можело да дојде до значителен напредок, па дури и Ларкин до крајот на овој месец да потпише договор со Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
