Трансфер кој ќе го „стресе“ Островот: По Кутињо, во Астон Вила доаѓа и Луис Суарез!?

Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез и дефинитивно го напушта Атлетико Мадрид, а на лето би можел да се пресели во Премиер–лигата.

Стивен Џерард и Астон Вила се заинтересирани да го доведат одличниот стрелец. Според најавите од Островот, Суарез добил покана на која тешко ќе каже „не“ и очигледно ќе стане дел од амбициозен проект. Џерард, кој одлично си ја врши работата на клупата на Астон Вила, врши огромен притисок на раководството да потпише договор со Суарез.

Клубот од Бирмингем пред неколку дена го ангажираше Фелипе Кутињо од Астон Вила и доведувањето на Луис Суарез сигурно ќе биде дополнителен чекор напред за следната сезона.

Поранешниот напаѓач на Барселона многу добро знае како е да се игра во Премиер – лигата со оглед дека неколку сезони играше за Ливерпул, а капитен му беше токму Џерард.

Се вчитува...