Реал Мадрид се соочи со сериозни компликации во обидот да го доведе Јан Диоманде од Лајпциг. Иако личните услови со играчот наводно веќе се договорени, реализацијата на трансферот во моментов е блокирана поради правен спор во врска со претставувањето на фудбалерот.
Според шпанските медиуми, „кралскиот клуб“ водел преговори исклучиво со агенцијата „Рок Нејшн“, која ја основа американскиот музичар Џеј-Зи, убеден дека има ексклузивни права да ги претставува играчите.
Сепак, агенцијата „Максидел Менаџмент“, предводена од поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Макс Градел, поднесе тужба против ФИФА, тврдејќи дека договорот за претставување е се уште важечки.
Агенцијата наведува дека тие биле оние кои посредувале во трансферот на Диоманде во Лајпциг минатата година и дека имаат право да го претставуваат додека не го напушти германскиот клуб.
Поради ова, официјалната потврда за трансферот беше одложена, иако договорот беше во завршна фаза. Шпанските медиуми објавуваат дека во Реал Мадрид има големо незадоволство бидејќи сметаат дека за време на преговорите не биле информирани за сите околности поврзани со репрезентативните права.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
