Трапановски го напушти Данди јунајтед

Кристијан Трапановски повеќе не е член на Данди јунајтед откако македонскиот фудбалер се најде на листата играчи кои си заминуваат откако не им беше понуден нов договор со шкотскиот премиерлигаш.

Трапановски дојде во Данди јунајтед од редовите на Шкупи во 2024 година, имаше одличен старт на авантурата во елитното шкотско фудбалско друштво, но низата повреда го спречија да продолжи во ист ритам и придонесоа тој да си замине од клубот.

„Кристијан Трапановски заминува од Данди по 58 настапи и седум погодоци постигнати во последните две сезони. Клубот му понуди на Кристијан да продолжи со рехабилитацијата летово додека продолжува со програмата за заздравување и што поскоро враќање на терените“, објави шкотскиот клуб.

Се вчитува...