Трапановски: Очекувам силен и квалитетен меч против Шкотска

Во пресрет на натпреварот во Лигата на нациите, каде Македонија на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Шкотска, за официјалниот магазин на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) говореше повремениот репрезентативец Кристијан Трапановски.

Како одличен познавач на шкотскиот фудбал, тој ги сподели своите очекувања и анализи за претстојниот дуел.

„Очекувам силен и квалитетен натпревар против сериозна репрезентација како Шкотска. Станува збор за тим со јасен систем, физичка цврстина и континуитет, но верувам дека и ние имаме доволно квалитет и карактер за да се носиме со таков противник. Очекувам дуел во кој двете селекции ќе бараат резултат и каде што ќе одлучуваат мали детали“, изјави Трапановски.

Се вчитува...