Тре Јанг го најде лекот за Денвер, Лејкерс им се вратија на победите (ВИДЕО)

Тре Јанг ја предводеше Атланта до изненадувачката победа над еден од најдобрите тимови во Западната конференција, Денвер. Тој постигна 42 поени во триумфот од 125-121 со што „хоукс“ ја прекинаа серија од три последовни порази, а и го запреа Денвер во победничкиот поход кој траеше четри натпревари со серија. По овој пораз, Денвер падна на четвртата позиција на Запад. За Атланта ова е четврта сезонска победа со која се искачи со деветтата позиција на Истокот.

Џабари Паркер со 20 поени беше втор стреелц кај Аталната, кај Денвер најефикасен беше Вил Бартон со 21 поен, Никола Јокиќ постигна 20 поени.

Со серија од 12-2 во последните три и пол минути од натпреварот, Лос Анџелес Лејкерс дојдоа до триумф од 115-123 над Феникс во натпреварот исполнет со многу пресврти. Ентони Дејвис беше најзабележителен во тирумфот со 24 поени и 12 скока, Кајл Кузма имаше 23 поени, а Леброн Џејмс 19 поени со седум скока и 11 асситенции. Кај Феникс, Девин Букер постигна 21 поен.

Богдан Богдановиќ и Немања Бјелција беа најзаслужни за победата на Сакраменто над Портланд од 107-99. Богдановиќ имаше 25 поени, а Бјелица 19 и ја донесоа четвртата победа на петте последни натпревари за Сакраменто со што тимот се враќа по особено лошиот старт на сезоната. Сакраменто има биланс 4/6. Портланд пак во чии редови прв стрелец беше Демиан Лилард со 27 поени, со ефект 4-7 е дури 12. на Запад.

Јута со четвртата победа по ред, 119-114 против Бруклин врза серија од четири последовни успеси со кои се пробива на вторта позиција во Западната конференција. Коби Вајт беше во фокусот на победата на Чикаго над Њујорк од 120-102. Тој стана првиот дебитант во историјата на НБА што постигнал седум тројки во една четвртина. Тој имаше вкупно 27 поени. Чикаго го доби завршниот сегмент со 35-17 и дојде до четвртата победа сезонава.

 

 

Се вчитува...