Требало да биде свештеник – сега е 130 милиони вредна НБА ѕвезда

Паскал Сијакaм е се освен конвенционална кошаркарска ѕвезда. Баскетот во раце го фатил дури на 17 години, кошараката дотогаш била само спорт со кој се занимавал неговиот брат. Татко му имал сон едно од неговите деца да игра во НБА, а Паскал кој е најмалото од шесте деца во семејството секогаш повеќе се интересирал за други спортови. Тренирал фудбал и бил добар.

„Кога пораснав повеќе од две метри стана тешко да ја игнорирам кошарката“ – вели ѕвездата на НБА првакот, Торонто.

Со оглед дека кошарка игра помалку од 10 години, резимето на Сијакaм е и повеќе од импресивно. На 25 години, минатаta сезона беше прогласен за играч со најголем напредок во Лигата. Тоj даде значаен придонес во титулата на Торонто.

Роден е во Дуеала, економскиот главен град на Камерун. Неговoто семејство очекувало тој да стане свештеник. Посетувал католичко учiлиште како подготовка за идната професија. До него морал да патува осум часа.

Сепак во 2011 година отишол на камп на НБА лигата. Веднаш бил забележан поради борбеноста и атлетската градба. Преку истиот камп во НБА е лансиран и Џоел Ембид. Во 2012 година, Сијакaм бил поканет на НБА програмата во Јужна Африка наречена „Кошарка без граници“. Таму првпат го запознал претседателоt на Тороnто, Масаи Уџири кој тогаш не можеле ниту да претпостави дека четири години подоцна ќе земе во тимот уште во првата рунда од драфтот.

Сијакам тргнал по стапките на дваjца повозрасни браќа, поради спортскиот капацитет добил стипендија за средно училиште во Лиусвил, потоа заминал на колеџ во Њу Мексико. По две години на колеџот и само по четири години со сериозно занимавање со кошарка, Сијакам бил пред портите на НБА како најдобар играч на Западната конференција во лигата.

Тогаш се појавува повторно претседателот на Торонто, кој добил сугестии од еден од скаутите да внимава на Сијакам. Уџири го избрал како 27. пик во првата рунда и тогаш почнува убавата НБА приказна на Камерунецот.

 

Се вчитува...