Тренчовски до победничко деби со гол во судиското продолжение

Југослав Тренчовски има причина за славје откако македонскиот стратег имаше победничко деби на клупата на Олимпија Љубљана, предводејќи го словенечниот гигант до триумф од 1-0 над Алуминиј.

Се очекуваше и полесна победа, но Олимпија и покрај поголемиот посед на топката (63%) и доминацијата (17 удари кон противничкиот гол) се мачеше да го најде патот до противничката мрежа, успевајќи во тоа дури во судиското продолжение, поточно во 93. минута кога дефанзивецот Урбанчиќ донесе радост за Тренчевски и неговите фудбалери.

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски доби шанса од првата минута на овој натпревар и минута 72 минути на теренот пред да биде заменет.

Се вчитува...