Тренчовски: Голем ден за Академија Пандев, историски трофеј

Тимот на Академија Пандев за првпат во клупската историја го освои трофејот во Купот на Македонија. Во 27.финале бепе поуспешен од Македонија ЃП по подобро изведување пенали (4-2). Во регуларниот тек, а и по продолженијата, мечот заврши 2-2.

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, заслугите им ги препиша на фудбалерите, честитајќи му и на противникот за коректниот натпревар.

„Ова е голем ден за Академија Пандев, првпат во историјата го освоивме трофејот во Купот на Македонија. Честитки за фудбалерите, одигравме квалитетно финале, покажавме карактер и голема желба за триумф. Се играше отворен фудбал, беа постигнати четири гола, а пеналите се лотарија, имавме подобра концентрација и се разбира, среќа. На најдобар начин ја заокруживме оваа сезона“, изјави тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

Се вчитува...