Тренер од Израел ќе ја води Црвена Звезда од лето

Се подготвува тренерска смена на белградска Маракана. На местото на досегашниот Милош Милојевиќ, на клупата на тимот на Црвена Звезда ќе седне израелскиот тренер Барак Бахар. Станува збор за тренер на Макаби Хаифа, кој ја сруши токму Звезда на патот кон Лигата на шампионите.

Бахар со Макаби во групната фаза успеа да му го загорчи животот на Јувентус, и да го исфрли од Лигата на шампионите, односно да го испрати во Лигата на Европа.

Изралеските медиуми тврдат дека договор е постигнат и дека Бахар се сели во Белград од лето. Тие наведуваат дека делегација на клубот на чело со Марко Петровиќ, Марко Марин и Митар Мркела биле во Хаифа каде што ги завршиле преговорите со израелскиот тренер.

Црвена Звезда сега е фокусирана кон освојување на двојна круна во Србија. Милојевиќ дојде во Звезда на местото на Дејан Станковиќ кој на стартот на оваа сезона замина од клубот, и сега е тренер на Сампдорија.

Се вчитува...